Цивил – Центар за слобода спроведува проекти за јакнење на јавната свест и едукација за човековите права и слободи континуирано и на различни начини, без оглед на буџетските, временските или било какви рамки. Нашата стратегија, а оттаму и годишна програма во голем дел е посветена на човековите права и слободи. Од 2010 година наваму, нашата програма ја поддржува Програмата Civica Mobilitas, која ја финансира Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја имплементира Центар за институционален развој (ЦИРа).
Една од главните теми на нашиот најамбициозен проект Решенија се токму политичката култура и дијалогот. Според мене, политичката култура се манифестира преку нивото на познавање и почитување на човековите права и слободи.
Во декември водевме кампања за јакнење на јавната свест за човековите права и слободи преку проектниот сегмент наречен Човек=Права во чии рамки се одржа една многу интересна изложба на ликовни дела инспирирани од Универзалната декларација за човековите права.Минатата недела го отпечативме и вториот број наДијалог – њузлетер за демократија и човекови права на македонски јазик, а во тек е печатењето на албански и англиски јазик. Присутни сме и воновите медиуми преку нашата веб страница, блоговите и социјалните мрежи. Проектот го финансира Balkan Trust for Democracy.
Во доменот на слободата на говорот која е едно од основните човекови права и слободи, работиме на јакнење на слободата на медиумите. Еден од проектите за тоа е Новинарскиот прирачник кој го финансира Амбасадата на Кралството Норвешка.
Реакцијата на нашите активности и проекти е позитивна, но недоволна. Се надеваме дека граѓаните ќе се активираат во најскоро време. Моите колешки и колеги во Цивил деноноќно работат на тоа идеите, знаењата и активностите да ги приближат до што е можно поширока публика. Дали сме успешни единствено можеме да го провериме од реакциите на граѓаните. Најмалку што можат тие да сторат е да кликнат на некој од нашите линкови и да ги прочитаат содржините кои ги објавѕваме. Не е доволно само да се клика, но и тоа е добро за почеток. Затоа, на голем број наши соопштенија, во некој агол ќе го забележите повикот: Кликни за човекови права, а тоа најчесто води до нашата веб страница или до некој од нашите тематски блогови.
Ова е извадок од текстот ХРАБРИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ ONLINE од Џабир Дерала објавен денеска во Monkeydonkeya Today (кликни на овој линк за целиот текст)
0 comments:
Post a Comment