Friday, July 29, 2011

Вознемирувачка состојба на демократијата во Македонија

Ја изразуваме нашата длабока загриженост од развојот на настаните во сферата на медиумите, човековите права и демократијата во Република Македонија. Апелираме до Владата и сите политички актери да ги прекинат практиките кои го загрозуваат развојот на земјата воопшто.
Во ова ад-хок издание донесуваме четири текстови кои се однесуваат на различни аспекти на вознемирувачката состојба на демократијата во земјата. Ве молиме, слободно објавете ги или цитирајте ги овие написи во вашите медиуми.
Содржина:


ОДМАЗДА И ХИСТЕРИЈА од Ристо Поповски

Нео-боЛшевизам од Џабир М. Дерала

Вашите коментари се добредојдени. Нарачајте PDF верзија на civil.mk@gmail.com

Решенија – Проект за политичка култура и дијалог е дел од Годишната програма на Цивил поддржана од Програмата Civica Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементирана од Центар за институционален развој (ЦИРа).
Содржината на овој материјал ги претставува ставовите на авторот/ите и нужно не ги рефлектираат мислењата на нашите донатори.

1 comments:

Anonymous said...

Борба?!

Со јазикот на социјална работа и социјална политика, сакаме да направиме употреба на здравиот разум во „необични околности“. Среќно!

- На нашата влада и' фали уште да си донесе Закон со кој ќе може да си прави што сака.
Она што не е со нив, добива стигма, помала, поголема или најголема, предавник, ненационален, и сл., добива казна, линч итн., барем нека биде според законска регулатива и така добар дел од масите паѓаат на тоа и на емотивноста на премиерот, која е болна и лажлива.
Тој се замислува дека е Премиер на држава заштитник, тој се замислува дека е Премиер во држава каде има благосостојба. Апсолутно не е така. Како да им се покаже тоа на луѓето, заслепени, летаргични, пасивни, неизживеани...
Значи да се употребат андрагошки методи, да се консултира социологија на морал, психодрама, социометрија...зошто, барем јас, се чувствувам како да водам борба со секоја религиозна и општествена сила и никако не можам да најдам обележја на државава, кои ќе треба да ја сврстат во некој вид општествено политички систем.
Потсетување: Да се биде владеен, значи да се биде во секоја операција, во секоја транзиција, во секое движење, нотиран, регистриран, запечатен, тарифиран, котизиран, патентиран, авторизиран, реформиран, оневозможен, коригиран...Токму под изговор на јавната корист и во името на општиот интерес...Ете тоа е власта, правдата, тоа е нејзиниот морал.Тоа е сеништето на авторитарната држава.
Да се биде владеен, тоа значи да се биде постојано сослушуван, прислушкуван, инспектиран, диригиран, шпиониран, набљудуван, под притисок, контролиран, потценуван, цензуриран, командуван, раководен, од страна на суштества кои немаат ниту име , ниту знаење, ниту убави манири...

Општите етички проблеми се најголемиот проблем на нашето општество или заедницата.
Овде и сега, по иницијатива на Цивил, во некој смисол, како да сакаме да направиме реакција, коренито поинаков пристап и морален повик на делување, кој пред се' треба да биде морално-општествено борбен.
Ако ги земеме медиумите како повод, мораме да ги имаме пред очи нивните професионални етики. Тие репродуцираат потреба од заштита на интересите на положбата на оние кои ја обавуваат професијата и некоја врста гаранција на корисниците на нејзиното делување. Тоа е поле на етиката на дејности, етиката на професии и професионална деонтологија, кое е прилично големо, но во извесна мера и спорно. За еден медиум да биде во служба на демократијата или граѓанството, мора да биде независен, објективен, одговорен, здрав, квалитетен, достапен и да знае што работи, а не да го води стихијата. А, кој смее и може да го овозможи тоа? Кој друг ако не самото граѓанско општество, кое треба да биде чувар на правата на граѓаните. Граѓанското општество во натпревар со владата и нејзината моќ. Кај нас на тоа поле се натпреваруваат „политичките мативоди“.
Значи, се трага по објективитет. (Страдаат луѓето)...
Никогаш не избледува силата на оној прочуен морален закон, за кој Кант вели дека ја допира нашата свест со нурнување во длабочините на душата, кои за човекот се исто толку силни и важни како и широчините на вселенското постоење.
На крај, за разлика од кај нас (ситуацијата е мачна, секој ден може да се гледа и слуша), грижата за човекот, станува основно начело на сите напредни општествени заедници. Остварувањето на истата, во пракса, може да се одвива двонасочно:
1. со спречување или ублажување на тешкотиите на кои наидуваат поединците или група луѓе, и
2. со општо задоволување на човечките потреби, без никаква дискриминација.