Апелираме до Владата на Република Македонија да земе предвид продолжување на акцијата за собирање на нелегалното оружје преку продолжување на амнестијата. Во оваа пригода апелираме до Владата да вклучи поголем број на институции во овој процес, а не само МВР. Во таа смисла, предлагаме Владата да вклучи и претставници на цивилното општество во овој процес.
ДО ГРАЃАНИТЕ
Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија да се воздржат од употреба на огнено оружје за време на претстојната сезона на прослави во нашата земја. Ги потсетуваме граѓаните дека употребата на оружјето може да доведе до трагични последици и дека пукањето за време на прославите е казниво со закон. Ги советуваме граѓаните да пријават во полиција секакво пукање.
Ги повикуваме сите граѓани да се обединат во напорите за надминување на култот кон оружјето кај на младите. Секој поединечно и сите заедно можеме да придонесеме кон овој процес преку нашите лични примери.
ДО ВЕРСКИТЕ ЛИДЕРИ
Ги повикуваме верските лидери во земјата да ги пораки и идеи дека прославите треба да се мирни и без пукања од огнено оружје. Преку нивните проповеди да го огласат значението на мирот во религијата преку нивните проповеди и молитви, со што ќе им кажуваат дека употребата на огненото оружје може да доведе до трагедија, насилство и трауми.

0 comments:
Post a Comment