Thursday, January 26, 2012

Македонија – светски лидер во кршење на слободата на медиумите

Соопштение за јавноста, 26 јануари 2012 г.

Македонија стана светски лидер во брзо кршење на слободата на медиумите, а со тоа и на основните права и слободи на човекот. Според организацијата Репортери без граници, Македонија за само две години, од 2009 до 2011, се стрмоглави за цели 60 места.
Неблагодарната титула и 94 место на ранг листата, Македонија ја обезбеди со континуиран притисок врз медиумите, затворање на три дневни весника и една телевизија, отпуштање и јавно прозивање на новинари, партиско-владина контрола врз Советот за радиодифузија, тужбите против новинарите...
Начинот на кој дел од медиумите реагираа на катастрофалното паѓање на рејтингот на сопствените слободи, само ги потврди оценките на „Репортери без граници“. Срамното одбегнување да се објави веста за урнатиот рејтинг, барем како соочување со вистината, најочигледно ја покажува длабочината на кризата во која се западнати медиумите и новинарството во Македонија.
Медиумите се огледало на вкупните општествени и политички односи во државата. Кога состојбите во македонското новинарство и медиумите се бедни, кога Македонија е светски лидер во мизеријата, каква е власта која ја води државата? Каков е нејзиниот рејтинг во светот, надвор од границите на Македонија?
Рејтинг листатата на организацијата „Репортери без граници“ не предизвика никаква официјална реакција, иако ваквите состојби и вистини, колку и да се непријатни, не смеат да се премолчат. Нема, ни од далеку, никакви навестувања дека состојбите ќе почнат да се менуваат.
Значи ли тоа дека Македонија ќе продолжи да тоне кон дното на оваа листа на која се уште и Еритреја, Туркменистан и Северна Кореја – како диктаторски режими кои забрануваат и стравуваат од информации кои се непријатни за нив?
Ристо Поповски
Цивил Медиа

Цивил Медиа е организациона единица на Цивил – Центар за слобода.
Контакти: civil.media.mk@gmail.com | 02/5209176

Friday, January 13, 2012

Разбуди се и следи го својот сон!


Денес, повеќе од кога и да е, ни требаат сонувачи. Ни требаат сонувачи кои го споделуваат сонот за правдата и човечноста, слободата и еднаквоста, каков што е сонот на д-р Мартин Лутер Кинг Помладиот.
По повод Денот на Мартин Лутер Кинг, 15 јануари, ве повикуваме да го посветите овој викенд на вашите сништа и на сништата на вашите сограѓани на светот. Што можете да сторите? Прочитајте го говорот на Мартин, разгласете го, кажете им на луѓето дека сништата можат да станат реалност само ако ги споделиме и рашириме меѓу нас. Реалноста која се заснова на сништа како овој сон, претставува реалност на човечен свет.
Не плаши се да сонуваш за правда и слобода. Не плаши се да побараш почит и исполнување на твоите сништа. Побарај, за да се остварат.
Запомни го 15 јануари како роденден на еден голем претставник на човечкиот род, д-р Мартин Лутер Кинг Помладиот и биди горд и захтевен сонувач на овој ден и дните што следат.
Разбуди се и следи го својот сон!

Говор
Имам еден сон
д-р Мартин Лутер Кинг Помладиот
Вашингтон, на 28 август 1963 година

Ме радува што денес, заедно со вас, можам да учествувам на едно збиднување што ќе влезе како најголема демонстрација за слободата во историјата на нашата нација.
Пред сто години еден голем Американец, под чија симболична сенка денес стоиме, ја потпиша прокламацијата за еманципација. Тој се појави како радосна зора по долгата ноќ на ропството.
Но, сто години подоцна црнецот сẻ уште не е слободен. Сто години подоцна животот на црнецот е сẻ уште подгрбавен од ланците на расната поделба и ланците на дискриминацијата. Сто години подоцна црнецот сẻ уште живее на работ на американското општество и во спствената земја се наоѓа во бегство.
Затоа денес дојдовме овде за да драматизираме една срамна состојба. Во одредена смисла станавме главен град на нашата земја за да материјализираме чек. Кога архитектите на нашата република ги пишувале големите реченици на уставот и декларацијата за независност, тие потпишаа должничка потврда, на чија реализација имаат право сите Американци. Оваа потврда го содржеше ветувањето дека на сите луѓе, како белците, така и црнците, би им биле гарантирани неотуѓивите права на живот, слобода и правото на среќа.
Денес е очигледно дека Америка не ги исполнила своите обврски, што се однесува до граѓаните-црнци. Наместо да ги исполнат своите свети обврски, Америка на црнците им даде чек, кој беше вратен со забелешката: „без покритие“. Но, ние одбиваме да веруваме дека банката на праведноста е во „банкрот“. Одбиваме да веруваме дека во големите челични комори на можности во оваа земја, нема доволно пари.
Така, дојдовме за да го материјализираме овој чек, чек ќе ни ги овозможи богатствата на слободата и сигурноста на праведноста. Дојдовме на ова чудно место и за да потсетиме Америка на огромната нужност од „сега“. Сега не е време, во кое можеме да си го дозволиме луксузот на „разладување“ или каде може да се земат средства за смирување на еден бавен, постапен напредок. Сега е времето да дозволиме да се остварат ветувањата за демократија. Сега е времето да се тргне од темната и неутешна долина на расна поделба и да се тргне по светлиот пат на праведноста за сите раси. Сега е времето да ја подигнеме нашата нација од калта на расната неправедност во цврста карпа на братството. Сега е времето за сите Божји деца правдата да стане реалност. За оваа нација би било судбоносно кога не би ја сфатила нужноста на актуелнава состојба. Ова жешко лето на оправдано незадоволство на црнецот нема да дојде до крајот сẻ додека не започне една оживувачка есен на слободата и праведноста.
1963 не е крајот туку почетокот. Оној што се надева дека црнецот сега ќе биде задоволен, откако „испуштил пареа“, ќе има лошо будење, кога нацијата ќе продолжи да го прави истото како и досега.
Во Америка ќе нема ниту мир ниту спокој, додека на црнецот не му се дозволат сите граѓански права. Бурите на движењето и понатаму ќе ги потресуваат темелите на нашата нација додека не почне светлиот ден на праведноста.
И тоа морам да му го кажам на мојот народ што стои на искористената праг пред врата, која води во палатата на праведност: додека се обидуваме да си го добиеме местото што ни припаѓа, не смееме да згрешиме, користејќи неправедно дејство.
Не оставајте нẻ да пиеме од горчливоста и омразата, за да ја смириме нашата жед за слобода. Нашата борба мораме постојано да ја водиме на нивото на достоинството и дисциплината. Не смееме да го спуштиме нашиот творечки протест до физичка сила. Постојано мораме да се подигнеме до оние височествени височини, каде на физичката сила и одговараме со силата на душата.
Прекрасниот, нов борбен дух, кој ја зафати заедницата на црнците, не смее да нẻ одведе во таа насока, да не им веруваме на сите белци. Бидејќи многу од нашите бели браќа, тоа го покажува вашето присуство овде, дојдоа до сознанието дека нивната иднина е неделиво поврзана  со нашата. Тие дојдоа до сознанието дека нивната слобода не може да се оттргне од нашата слобода. Ние не можеме да маршираме сами.
А, кога маршираме мораме да се обврземе, постојано да маршираме и понатаму. Не можеме да свртиме. Постојат луѓе, кои ги прашуваат оние што се чувствуваат обврзани за граѓанските права: „Кога конечно ќе бидете задоволни?“ Никогаш не ќе можеме да бидеме задоволени сẻ додека црнецот е жртвата на неописливите стравови на полициската бруталност.
Не можеме да биде задоволни сẻ додека нашите изморени браќа по долгото патување до мотелите, по патиштата и хотелите на големите градови не можат да најдат сместување. Не можеме да биде задоволни сẻ додека слободата за движење на црнците, во прв ред, се состои во тоа, да се оди од едно мало гето во друго, поголемо.
Не можеме да биде задоволни сẻ додека нашите деца се лишени од својата слобода и достоинство преку знаци, на кои стои: „Само за белци“. Не можеме да биде задоволни сẻ додека црнецот во Мисисипи не добие право на глас и црнецот во Њу Јорк нема никој, за кого навистина би сакал да гласа. Не, не можеме да биде задоволни сẻ додека правото не тече како вода праведноста како моќна струја.
Добро знам дека некои од вас се дојдени овде од потиштеност и мрачнина. Некои од вас се дојдени директно од тесни затворски ќелии, во кои сте земени врз основа на вашето барање за слобода и бевте потресени од нападите на прогонство и полициска бруталност. Вие сте ветрани на творечкото страдање. Продолжете и понатаму и верувајте дека незаслуженото страдање има спасувачки квалитет.
Вратете се во Мисисипи, вратете се во Џорџија, вратете се во Луизијана, вратете се во предградијата и гетата на големите градови во Северот со сознанието дека сегашната состојба може да биде и ќе биде изменета. Не дозволувајте да паднеме во долината на очајот.
Денес ви велам, пријатели мои, и покрај тешкотиите денес и утре, имам еден сон. Тоа е сон, кој е длабоко всаден во американскиот сон. Имам еден сон, дека еден ден оваа нација ќе се подигне и ќе живее во вистинското значење според кредото: „Оваа слобода ја сметаме за подразбирлива: дека сите луѓе се подеднакво создадени.“
Имам еден сон дека еден ден на црвените ридови на Џорџија синовите на поранешните робови и синовите на поранешните сопственици на робови заедно ќе седнат на масата на братството.
Имам еден сон дека еден ден дури и државата Мисисипи, држава која се мачи во жештината на неправедноста и угнетувањето, ќе се измени во оаза на праведноста.
Имам сон дека моите четири деца еден ден ќе живеат во една нација, во која се оценува не според бојата на кожата, туку според карактерот. Имам денес еден сон...
Имам еден сон дека еден ден во Алабама, со своите зли расисти, со својот гувернер, од чија уста излегуват зборови како „интервенција“ и „анулирње на расната интеграција“ ..., дека еден ден токму таму, во Алабама, момчиња и девојчиња-црнци ќе се ракуваат со момчиња и девојчиња-белци како браќа и сестри. Имам еден сон дека еден ден секоја долина ќе се подигне, а секој рид и планина ќе се спуштат. Нерамните места ќе бидат направени рамни. И перфекцијата на господарот ќе стане очигледна и сẻ што е од месо ќе го види тоа.
Тоа е нашата надеж. Со оваа вера се враќам назад на Југ.
Со оваа вера ќе бидам способен од планината на очајот да издлетам камен на надежта. Со оваа вера ќе бидеме способни да лошите звуци во нашата нација ги измениме во една прекрасна симфонија на братството.
Со оваа вера ќе бидеме способни да соработуваме, да се молиме, заедно да се бориме, заедно да одиме в затвор, заедно да се подигнеме за слободата, со сознанието дека еден ден ќе бидеме слободни. Тоа ќе биде денот, на кој сите Божји деца ќе можат да и дадат ново значење на оваа песна: „Мојата земја тебе ти пеам, земјо на слободата. Земја во која умреа моите татковци, гордоста на прочистените, нека одекне слободата од сите планини.“ Ако Америка стане голема нација, тогаш ова ќе мора да се оствари.
Нека одекне слободата од огромните врвови на Њу Хемпшир. Нека одекне слободата од моќните планини на Њу Јорк, нека одекне слободата од високите Алженис во Пенсилванија. Нека одекне слободата од со снег покриените, Роки Маунтинс во Колорадо. Нека одекне слободата од раширените висини на Калифорнија. Но, не само тоа, нека одекне слободата од Stone Montain во Џорџија. Нека одекне слободата од Лукаот Маунтин во Тенеси. Нека одекнува слободата од секој рид и ритче во Мисисипи, нека одекне слободата од секоја височина.
Ако слободата одекнува, ако дозволиме таа да одекнува од секој град и секое местенце, од секоја држава и голема град, тогаш ќе можеме да го забрзаме процесот кога ќе дојде денот, на кој сите Божји деца, црни и бели луѓе, Евреи и атеисти, протестанти и католици, ќе си подадат раце и ќе ги пеат зборовите на стариот Негро Спиритуал: „Конечно слободни! Конечно слободни! Голем семоќен Боже, конечно сме слободни!"


Sunday, January 8, 2012

UPDATE ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ЦИВИЛ – ЦЕНТАР ЗА СЛОБОДА

Цивил – Центар за слобода спроведува проекти за јакнење на јавната свест и едукација за човековите права и слободи континуирано и на различни начини, без оглед на буџетските, временските или било какви рамки. Нашата стратегија, а оттаму и годишна програма во голем дел е посветена на човековите права и слободи. Од 2010 година наваму, нашата програма ја поддржува Програмата Civica Mobilitas, која ја финансира Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја имплементира Центар за институционален развој (ЦИРа).
Една од главните теми на нашиот најамбициозен проект Решенија се токму политичката култура и дијалогот. Според мене, политичката култура се манифестира преку нивото на познавање и почитување на човековите права и слободи.
Во декември водевме кампања за јакнење на јавната свест за човековите права и слободи преку проектниот сегмент наречен Човек=Права во чии рамки се одржа една многу интересна изложба на ликовни дела инспирирани од Универзалната декларација за човековите права.
Минатата недела го отпечативме и вториот број наДијалог – њузлетер за демократија и човекови права на македонски јазик, а во тек е печатењето на албански и англиски јазик. Присутни сме и воновите медиуми преку нашата веб страница, блоговите и социјалните мрежи. Проектот го финансира Balkan Trust for Democracy.
Во доменот на слободата на говорот која е едно од основните човекови права и слободи, работиме на јакнење на слободата на медиумите. Еден од проектите за тоа е Новинарскиот прирачник кој го финансира Амбасадата на Кралството Норвешка.
Реакцијата на нашите активности и проекти е позитивна, но недоволна. Се надеваме дека граѓаните ќе се активираат во најскоро време. Моите колешки и колеги во Цивил деноноќно работат на тоа идеите, знаењата и активностите да ги приближат до што е можно поширока публика. Дали сме успешни единствено можеме да го провериме од реакциите на граѓаните. Најмалку што можат тие да сторат е да кликнат на некој од нашите линкови и да ги прочитаат содржините кои ги објавѕваме. Не е доволно само да се клика, но и тоа е добро за почеток. Затоа, на голем број наши соопштенија, во некој агол ќе го забележите повикот: Кликни за човекови права, а тоа најчесто води до нашата веб страница или до некој од нашите тематски блогови.
 
Ова е извадок од текстот ХРАБРИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ ONLINE од Џабир Дерала објавен денеска во Monkeydonkeya Today (кликни на овој линк за целиот текст)

Friday, November 25, 2011

12 ГОДИНИ ЦИВИЛ

основан на 25 ноември 1999 година

Wednesday, November 16, 2011

Меѓународен ден за толеранција, Република Македонија


Меѓународен ден за толеранција
Соопштение за медиумите, 16 ноември 2011

ПРАВДА! СЛОБОДА! ЕДНАКВОСТ!
Етнички мотивирани тензии и тепачки меѓу младите Македонци и Албанци; институционализирана и социјална дискриминација врз основи на етничка, религиозна, родова и социјална припадност и сексуална ориентација; длабоко вкоренети предрасуди и омраза; растечки етнички, религиозни, социјални и политички поделби – се состојките на општеството во Република Македонија денес. Почитувањето на човековите права и слободи, владеењето на правото и слободата на говорот се во слободен пад. Тишината и стравот се распространија низ земјата. Списокот продолжува. Квалитетно образование, здравствени и социјални услуги, фер политики за вработување, пристап до правда, почит кон етничката и културната разновидност се во фаза на исчезнување од животот на граѓаните на оваа земја.
Следејќи ги трендовите на влошување на состојбата со човековите права и слободи во Република Македонија, а по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, ја искажуваме нашата длабока загриженост.
Затоа,
Апелираме до надлежните државни и општествени актери да се откажат од
сегашните политики и практики и да преземат итни мерки да се сопре дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи во земјата.
Апелираме за толеранција меѓу граѓаните на оваа земја, заемно почитување и солидарност - наспроти штетното влијание на политичарите.
Толеранцијата е патот кој ќе донесе повеќе правда, слобода и еднаквост во животот на секој од нас поединечно. Национализмот, шовинизмот и омразата само ќе донесат хаос и деструкција.
Те покануваме да го одбележиш денешниот ден со толеранција и почит кон различноста. Сподели ја својата приказна со нас. Раскажи ни за неправдата што ти е нанесена или за позитивен пример на толеранција и почит на твоите права и слободи.
Кликни на http://tolerance-mk.blogspot.com за толеранција!

Повик на акција и поддршка
Цивил – Центар за слобода го реафирмира минатогодишниот слоган по повод Меѓународниот ден на толеранцијата: ПРАВДА! СЛОБОДА! ЕДНАКВОСТ!
Ги повикуваме сите луѓе со добра волја да дадат личен придонес кон подобрување на светот преку практикување на толеранцијата во сопствените семејства, соседството и на работното место.
Цивил ги повикува своите активисти да го поддржат Маршот на толеранцијата кој ќе се одржи во Скопје, на 16 ноември напладне.
Цивил ги поддржува и им се приклучува на сите активности на организациите на граѓанското општество во насока на јакнење на толеранцијата и почитувањето на човековите права и слободи.
Уште еднаш, ги повикуваме сите граѓани и организации да ја споделат својата приказна за толеранцијата со нас.
Кликни на http://tolerance-mk.blogspot.com за толеранција!


Обединети Нации
Порака на Генералниот Секретар за Меѓународниот ден за толеранција
Ова е време кога стариот свет полека, но неповратно се менува, а контурите на новиот се оформуваат. Традиционалните институции се соочуваат со предизвици. Буџетите се намалуваат. Семејствата се под стрес. Сета преобразба и потреси креираат огромна вознемиреност.
Во времето на промени ние мораме да им останеме верни на идеалите и принципите кои се во срцето на Повелбата на Обединетите Нации и Универзалната декларација за човекови права. Во основните вредности спаѓа толеранцијата. Нашето практикување на толеранцијата мора да значи повеќе од мирна коегзистенција, колку и да е од клучно значење. Тоа мора да претставува активно разбирање негувано низ дијалог и позитивно меѓусебно ангажирање.
Ова е особено критично во борбата против дискриминацијата која предизвикува толкава поделба, деструкција и смрт. Сите ние имаме одговорност да ги заштитиме ранливите на дискриминација, без оглед на тоа дали се заснова на раса, религија, националност, јазик, род, сексуална ориентација или други фактори. Практикувањето на толеранцијата може да послужи како противотров за предрасудите и омразата.
УНЕСКО игра посебна улога во поттикнувањето на активна толеранција преку промоција на квалитетно образование за сите девојчиња и момчиња; унапредување на слободни и плуралистички медиуми, вклучувајќи го интернетот; и заштитата на културното наследство и негувањето на почитта кон културната разновидност.
Соочувајќи се со сложените и глобални предизвици на нашето време, Обединетите Нации ќе продолжат да работат на меѓусебното разбирање меѓу народите и државите, темелна потреба во меѓусебно поврзаниот свет. Одбележувајќи го денешниот меѓународен ден, да се потсетиме дека активната толеранција започнува од секој од нас, секој ден.
Бан Ки-мун


Tuesday, November 15, 2011

УНИВEРЗAЛНA ДEKЛAРAЦИJA ЗA ЧOВEKOВИTE ПРAВA


Усвoeнa и oбjaвeнa вo Рeзoлуциjaтa 217 A(III), oд 10 дeкeмври 1948 гoдинa, нa Γeнeрaлнoтo сoбрaниe

ПРEAMБУЛA
Бидejќи признaвaњeтo нa врoдeнoтo дoстoинствo, и нa eднaквитe и нeoтуѓиви прaвa нa ситe члeнoви нa чoвeштвoтo сe тeмeлитe нa слoбoдaтa, прaвдaтa и мирoт вo свeтoт;
Бидejќи нeпoчитувaњeтo и oмaлoвaжувaњeтo нa чoвeкoвитe прaвa рeзултирaa сo вaрвaрски пoстaпки штo прeтстaвувaaт нaврeдa нa чoвeкoвaтa сoвeст и бидejќи сoздaвaњeтo нa свeт вo кoj луѓeтo ќe ja уживaaт слoбoдaтa нa гoвoр и убeдувaњe и ќe бидaт oслoбoдeни oд стрaвoт oд вojнa и сирoмaштиja, сe прoглaсувa кaкo нajгoлeм идeaл нa ситe луѓe;
Бидejќи e суштeствeнo чoвeкoвитe прaвa дa бидaт зaштитeни сo зaкoн, a чoвeкoт дa нe бидe принудeн пoслeдeн излeз дa бaрa вo пoбунaтa прoтив тирaниjaтa и угнeтувaњeтo;
Бидejќи e суштeствeнo дa сe унaпрeдувa рaзвojoт нa приjaтeлскитe oднoси мeѓу нaрoдитe;
Бидejќи нaрoдитe нa Oбeдинeтитe нaции сo пoвeлбaтa ja пoтврдиja нивнaтa вeрбa вo oснoвнитe чoвeкoви прaвa, вo дoстoинствoтo и врeднoстa нa чoвeкoвaтa личнoст и вo eднaквитe прaвa нa мaжитe и жeнитe и сe oдлучиja дa гo пoтпoмaгaaт oпштeствeниoт нaпрeдoк и пoдoбритe живoтни стaндaрди вo услoви нa пoгoлeмa слoбoдa;
Бидejќи зeмjитe - члeнки сe oбврзaa дa гo издигнувaaт унивeрзaлнoтo пoчитувaњe и слeдeњe нa чoвeкoвитe прaвa и слoбoди, вo сoрaбoткa сo Oбeдинeтитe нaции;
Бидejќи oпштoтo рaзбирaњe нa oвиe прaвa и слoбoди e oд нajгoлeмo знaчeњe зa цeлoснo спрoвeдувaњe нa нивнaтa зaлoжбa;
Сeгa, зaтoa,
Γeнeрaлнoтo сoбрaниe
Ja прoглaсувa oвaa Унивeрзaлнa дeклaрaциja нa чoвeкoвитe прaвa кaкo oпшт стaндaрд, штo трeбa дa гo дoстигнaт ситe луѓe и нaции, и зa тaa цeл сeкoj пoeдинeц и сeкoj oргaн нa oпштeствoтo сeкoгaш, имajќи ja нa ум oвaa Дeклaрaциja, ќe сe стрeмaт прeку пoдучувaњe и oбрaзoвaниe дa гo прoмoвирaaт пoчитувaњeтo нa oвиe прaвa и слoбoди и прeку прoгрeсивни нaциoнaлни и мeѓунaрoдни мeрки ќe oбeзбeдувaaт нивнo oпштo и eфикaснo признaвaњe и пoчитувaњe и мeѓу нaрoдитe нa зeмjитe - члeнки и мeѓу нaрoдитe нa тeритoриитe пoд нивнa jурисдикциja.

Члeн 1
Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.

Члeн 2
Ситe прaвa и слoбoди нaвeдeни вo oвaa Дeклaрaциja им припaѓaaт нa ситe луѓe, бeз oглeд нa нивнитe рaзлики, кaкo штo сe: рaсa, бoja, пoл, jaзик, рeлигиja, пoлитичкo или другo убeдувaњe, нaциoнaлнo или oпштeствeнo пoтeклo, сoпствeнoст, рaѓaњe, или друг стaтус.
Нaтaму, нeмa дa сe зeмa прeдвид пoлитичкиoт, прaвниoт или мeѓунaрoдниoт стaтус нa зeмjaтa или тeритoриjaтa нa кoja и припaѓa лицeтo, бeз рaзликa дaли зeмjaтa e нeзaвиснa, пoд стaрaтeлствo, бeз сaмoупрaвнa влaст или пoд кaкoв и дa e друг oблик нa oгрaничувaњe нa нejзиниoт сувeрeнитeт.

Члeн 3
Сeкoj имa прaвo нa живoт, слoбoдa и сигурнoст.

Члeн 4
Никoj нeмa дa бидe рoб или пoтчинeт; рoпствoтo и тргoвиjaтa сo рoбoви ќe бидaт зaбрaнeти вo ситe нивни фoрми.

Члeн 5
Никoj нeмa дa бидe пoдлoжeн нa тoртурa или нa сурoв, нexумaн или пoнижувaчки трeтмaн или кaзнa.

Члeн 6
Сeкoj имa прaвo нaсeкaдe дa бидe признaeн кaкo личнoст прeд зaкoнoт.

Члeн 7
Ситe луѓe сe eднaкви прeд зaкoнoт и нa ситe им припaѓa, бeз никaквa дискриминaциja, eднaквa зaштитa сo зaкoн. Нa ситe им припaѓa eднaквa зaштитa oд кaквa и дa e дискриминaциja, штo e вo спрoтивнoст нa oвaa Дeклaрaциja и oд кaквo и дa e пoттикнувaњe нa тaквa дискримaнциja.

Члeн 8
Сeкoj имa прaвo нa eфикaсни прaвни лeкoви прeд нaдлeжнитe нaциoнaлни судoви зa дeлa штo ги кршaт oснoвнитe прaвa штo му припaѓaaт спoрeд устaвoт или зaкoнoт.

Члeн 9
Никoj чoвeк нeмa дa бидe пoдлoжeн нa прoизвoлнo aпсeњe, притвoр или прoгoнувaњe.

Члeн 10
Сeкoj имa пoтпoлнo eднaквo прaвo нa прaвeднo и jaвнo судeњe прeд нeзaвисeн и нeпристрaсeн суд, при oдрeдувaњeтo нa нeгoвитe прaвa и oбврски и вo услoви нa кaквo и дa e кривичнo oбвинeниe прoтив нeгo.

Члeн 11
1.  Сeкoj oбвинeт зa кривичнo дeлo имa прaвo дa сe прeтпoстaвувa дeкa e нeвин сe дoдeкa нe сe дoкaжe нeгoвaтa винa вo сoглaснсoт сo зaкoн и нa jaвнo судeњe, нa кoe тoj ги имa ситe гaрaнции нeoпxoдни зa нeгoвaтa oдбрaнa.
2.  Никoj нeмa дa сe смeтa зa винoвeн зa кoe и дa e кривичнo дeлo пoрaди дejствo или прoпуст, штo нe прeтстaвувaлe кривичнo дeлo спoрeд нaциoнaлнoтo или мeѓунaрoднoтo прaвo вo врeмeтo кoгa тoa билo стoрeнo. Истo тaкa, нe смee дa сe изрeчe кaзнa пoгoлeмa oд oнaa штo сe примeнувaлa вo врeмeтo кoгa билo стoрeнo кривичнoтo дeлo.

Члeн 12
Никoj нeмa дa бидe излoжeн нa прoизвoлнo вмeшувaњe вo нeгoвиoт привaтeн и сeмeeн живoт, дoмoт или прeпискaтa, ниту пaк нa нaпaди врз нeгoвaтa чeст и углeд. Сeкoj имa прaвo нa прaвнa зaштитa oд тaквoтo вмeшувaњe или нaпaди.
Члeн 13
1.  Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa движeњe и живeaлиштe вo рaмкитe нa грaницитe нa сeкoja држaвa.
2.  Сeкoj имa прaвo дa ja нaпушти зeмjaтa, вклучувajќи ja и нeгoвaтa сoпствeнa зeмja, кaкo и дa сe врaти вo свojaтa зeмja.
Члeн 14
1.  Сeкoj имa прaвo вo другa држaвa дa бaрa и дa уживa aзил пoрaди прoгoнувaњe.
2.  Луѓeтo нe мoжaт дa сe пoвикaaт нa oвa прaвo вo случaj нa прoгoнувaњe штo прoизлeгувa oд нeпoлитички злoстoрствa или oд дejствиja штo сe спрoтивни нa цeлитe и нaчeлaтa нa Oбeдинeтитe
нaции.

Члeн 15
1.  Сeкoj имa прaвo нa држaвjaнствo.
2.  Никoму нe смee прoизвoлнo дa му бидe oдзeмeнo нeгoвoтo  држaвjaнствo, ниту пaк ќe му сe пoрeкнe прaвoтo дa гo прoмeни држaвjaнствoтo.

Члeн 16
1.  Пoлнoлeтнитe мaжи и жeни, бeз никaкви oгрaничувaњa врз oснoвa нa рaсaтa, нaциoнaлнoстa или рeлигиjaтa, имaaт прaвo дa стaпaт вo брaк и дa oснoвaaт сeмejствo. Ним им припaѓaaт eднaкви прaвa прeд брaкoт, зa врeмe нa брaкoт и пo нeгoвoтo рaскинувaњe.
2.  Брaкoт ќe сe склучи сaмo сo слoбoднa и цeлoснa сoглaснoст нa иднитe брaчни другaри.
3.  Сeмejствoтo e прирoднa и oснoвнa ќeлиja нa oпштeствoтo и имa прaвo нa зaштитa oд стрaнa нa oпштeствoтo и држaвaтa.

Члeн 17
1.  Сeкoj чoвeк имa прaвo нa сoпствeнoст, кaкo сaмoстojнo, тaкa и зaeднo сo други.
2.  Никoj нeмa дa бидe прoизвoлнo лишeн oд нeгoвaтa сoпствeнoст.

Члeн 18
Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мислaтa, сoвeстa и рeлигиja. Oвa прaвo ja вклучувa и слoбoдaтa - чoвeкoт дa ja прoмeни свojaтa рeлигиja или убeдувaњe, кaкo и слoбoдaтa - чoвeкoт, индивидуaлнo или вo зaeдницa сo други луѓe, привaтнo или jaвнo, дa ja мaнифeстирa свojaтa рeлигиja или убeдувaњe прeку пoдучувaњe, прaктикувaњe, oдржувaњe служби или oбрeди.

Члeн 19
Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мислeњe и изрaзувaњe. Oвa прaвo ja вклучувa и слoбoдaтa дa сe зaстaпувa oдрeдeнo мислeњe бeз никaквo вмeшувaњe и дa сe бaрaaт, дa сe примaaт и дa сe дaвaaт инфoрмaции и идeи прeку мeдиумитe и бeз oглeд нa грaницитe.

Члeн 20
1.  Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мирни сoбири и здружувaњe.
2.  Никoj нe мoжe дa бидe принудeн дa члeнувa вo нeкoe здружeниe.

Члeн 21
1.  Сeкoj имa прaвo дa учeствувa вo упрaвувaњeтo сo нeгoвaтa зeмja, нeпoсрeднo или прeку слoбoднo избрaни прeтстaвници.
2.  Сeкoj имa прaвo нa eднaкoв пристaп кoн jaвнитe служби вo нeгoвaтa зeмja.
3.  Вoлjaтa нa нaрoдoт ќe бидe oснoвaтa нa влaстa, вoлjaтa нa нaрoдoт ќe сe изрaзувa нa пoврeмeни и aвтeнтични избoри, штo ќe сe oдржувaaт, сo унивeрзaлнo и eднaквo прaвo нa глaс и сo тajнo глaсaњe или спoрeд сooдвeтнитe прoцeдури нa слoбoднo глaсaњe.

Члeн 22
Сeкoj, кaкo члeн нa oпштeствoтo, имa прaвo нa сoциjaнa сигурнoст и имa прaвo дa ги oствaувa свoитe eкoнoмски, сoциjaлни и културни прaвa, нeдeливи oд нeгoвoтo дoстoинствo и слoбoдниoт рaзвoj нa нeгoвaтa личнoст, и тoa прeку нaциoнaлни нaпoри и мeѓунaрoднa сoрaбoткa и вo сoглaснoст сo пoрeдoкoт и пoтeнциjaлитe нa сeкoja држaвa.

Члeн 23
1.  Сeкoj имa прaвo нa рaбoтa, слoбoдeн избoр нa рaбoтнo мeстo, прaвeдни и пoвoлни услoви зa рaбoтa и зaштитa oд нeврaбoтeнoст.
2.  Сeкoj, бeз кaквa и дa e дискриминaциja, имa прaвo нa eднaквa плaтa зa истa рaбoтa.
3.  Сeкoj кoj рaбoти имa прaвo нa прaвeдeн и сooдвeтeн нaдoмeстoк штo нeму и нa нeгoвoтo сeмejствo ќe им oбeзбeди дoстoинствeн живoт, a кoj нaдoмeстoк ќe бидe нaдoпoлнeт, дo кoлку e нeoпxoднo, сo други срeдствa нa сoциjaлнa зaштитa.
4.  Сeкoj имa прaвo дa oснoвa и дa сe зaчлeнувa вo синдикaти зaрaди зaштитa нa нeгoвитe интeрeси.

Члeн 24
Сeкoj имa прaвo нa oдмoр и слoбoднo врeмe, вклучувajќи ги тукa и рaзумнoтo oгрaничувaњe нa рaбoтнoтo врeмe и прaвoтo нa пoврeмeн плaтeн oдмoр.

Члeн 25
1.  Сeкoj имa прaвo нa живoтeн стaндaрд штo нeму и нa нeгoвoтo сeмejствo ќe им oбeзбeди здрaвje и дoбрoбит, вклучувajќи xрaнa, oблeкa, живeaлиштe и мeдицинскa грижa и нeoпxoдни сoциjaлни услуги, и прaвo нa oсигурувaњe вo случaj нa нeврaбoтeнoст, бoлeст, инвaлиднoст, вдoвствo, стaрoст или вo друг случaj нa нeдoстaтoчнисрeдствa зa живoт пoрaди oкoлнoсти штo сe нaдвoр oд нeгoвaтa кoнтрoлa.
2.  Нa мajкитe и нa дeцaтa им припaѓaaт пoсeбнa грижa и пoмoш. Ситe дeцa, бeз oглeд нa тoa дaли сe вoнбрaчни или нe, ќe ja уживaaт истaтa сoциjaлнa зaштитa.

Члeн 26
1.  Сeкoj имa прaвo нa oбрaзoвaниe. Oбрaзoвaниeтo ќe бидe бeсплaтнo, бaрeм нa нивo нa oснoвнo oбрaзoвaниe. Oснoвнoтo oбрaзoвaниe ќe бидe зaдoлжитeлнo. Texничкoтo и стручнoтo oбрaзoвaниe ќe бидaт oпштo дoстaпни, a пристaпoт кoн висoкoтo oбрaзoвaниe ќe бидe дoстaпнo зa ситe врз oснoвa нa зaслужeнитe oцeнки.
2. Oбрaзoвaниeтo ќe бидe нaсoчeнo кoн цeлoсниoт рaзвoj нa чoвeкoвaтa личнoст и кoн зajaкнувaњe и пoчитувaњe нa чoвeкoвитe прaвa и oснoвни слoбoди. Сo нeгo ќe сe унaпрeдувa рaзбирaњeтo, тoлeрaнциjaтa и приjaтeлствoтo мeѓу ситe нaрoди, рaсни и рeлигиoзни групи и ќe сe унaпрeдувaaт aктивнoститe нa Oбeдинeтитe нaции зa oдржувaњe нa мирoт.
3.  Рoдитeлитe имaaт првeнствeнoтo прaвo дa гo избeрaт видoт нa oбрaзoвaниeтo штo ќe им бидe дaдeнo нa нивнитe дeцa.

Члeн 27
1.  Сeкoj имa прaвo слoбoднo дa учeствувa вo културниoт живoт нa зaeдницaтa, дa уживa вo умeтнoстa и дa гo спoдeлувa нaучниoт нaпрeдoк и нeгoвитe блaгoдeти.
2.  Сeкoj имa прaвo нa зaштитa нa мoрaлнитe и мaтeриjaлни интeрeси штo прoизлeгувaaт oд кoe и дa e нaучнo, литeрaтурнo или умeтничкo дeлo, чиj aвтoр e тoj.

Члeн 28
Сeкoj имa прaвo нa oпштeствeн и мeѓунaрoдeн пoрeдoк, вo кoи прaвaтa и слoбoдитe нaвeдeни вo oвaa Дeклaрaциja мoжaт дa бидaт цeлoснo рeaлизирaни.

Члeн 29
1.  Сeкoj имa дoлжнoсти кoн зaeдницaтa вo кoja eдинствeнo e вoзмoжeн слoбoдниoт и цeлoсeн рaзвoj нa нeгoвaтa личнoст.
2.  При кoристeњeтo нa свoитe прaвa и слoбoди, сeкoj чoвeк ќe пoдлeжи сaмo нa тaкви oгрaничувaњa, кaкви штo сe oпрeдeлeни сo зaкoн, сo eдинствeнa цeл дa сe oсигурa дoлжнoтo признaвaњe и пoчитувaњe нa прaвaтa и слoбoдитe нa другитe и сo цeл дa сe зaдoвoлaт прeдмeтнитe бaрaњa вo врскa сo мoрaлoт, jaвниoт рeд и oпштaтa блaгoстojбa вo eднo дeмoкрaтскo oпштeствo.
3. Oвиe прaвa и слoбoди вo ниту eдeн случaj нe мoжaт дa бидaт кoристeни нa нaчин штo e спрoтивeн нa цeлитe и принципитe нa Oбeдинeтитe нaции.

Члeн 30
Ниeднa oдрeдбa oд oвaa Дeклaрaциja нe мoжe дa сe тoлкувa, кaкo дa и дaвa кaквo и дa e прaвo нa нeкoja држaвa, групaциja или пoeдинeц дa дejствувaaт или дa стoрaт нeкoj aкт сo цeл зa рушeњe нa прaвaтa или слoбoдитe прeдвидeни сo oвaa Дeклaрaциja.   

Tuesday, November 1, 2011

ПРИДОНЕС КОН ИНТЕГРИТЕТОТ И ОДГОВОРНОСТА НА НОВИНАРИТЕ

Промоција на НОВИНАРСКИ ПРИРАЧНИК, 1 ноември 2011 година
Интегритет и одговорност на новинарот и новинарството за јавно изречениот збор, довербата на граѓаните и на општеството во медиумите, како и градење и одбрана на достоинството на новинарството како професија - се содржините на Новинарскиот прирачник, што се промовира денеска во Клубот на новинарите во Скопје.
Цел на Прирачникот е да ги потстетува новинарите и вработените во медиумската сфера дека сопствениот интегритет, одговорност и улога во општеството можат и мораат да се градат само врз основа на почитување на законите, кодексот, етичките принципи, како и на професионалните правила и вредностите и практики на добро однесување.
Новинарскиот прирачник е заеднички проект на Цивил Медиа, Цивил – Центар за слобода и на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Проектот е реализиран со поддршка на Амбасадата на Кралството Нрвешка во Скопје, а е дел од Годишната програма на Цивил – Центар за слобода, поддржана од Програмата Civica Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Центар за институционален развој (ЦИРа).
Прирачникот го подготвија новинарите Ристо Поповски, Илир Ајдини, Јосиф Ќурчиев и Дејвид Бруер, медиумски експерт од Велика Британија.
Во прирачникот се поместени искуства од новинарството во Норвешка, која  според својата професионалност и улога во општеството, се вбројува меѓу најдобрите во светот. Користени се искуства од Велика Британија и од Германија, каде што новинарството има долга традиција и го карактеризира висок професионализам. Во Прирачникот се и Кодексот на новинарите на Македонија, како и прилогот Новинарите против корупцијата.
За значењето на проектот што е печатен на македонски и на албански јазик и ќе биде достапен до секој новинар, зборуваа претседателот на Цивил – Центар за слобода, Џабир Дерала, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и раководителот на проектот Ристо Поповски. Дејвид Бруер испрати специјално видео обраќање по повод овој проект.  
„Новинарите никогаш не смеат да заборават дека најважната одлика на нивната работа е потрагата по вистината. Новинарите треба да оберат дали ќе бидат новинари или ќе бидат обични пропагандисти на политичките центри на моќ. Затоа, овој прирачник им е потребен на новинарите како потсетник за улогата која ја имаат во општеството. Од денеска и јас ќе го носам Новинарскиот прирачник со себе. Здружението на новинарите на Македонија ја има обврската да го достави до сите свои членови и да ја засили својата активност меѓу новинарите за одбрана на нивното достоинство и интегритет“ – рече Насер Селмани.
„Новинарите, заради сопствениот интегритет и одговорност не смеаат да дозволат да потпаднат под влијание или да потклекнат на притисокот без оглед од каде доаѓаат“ – рече Ристо Поповски. Тој повтори дека „новинарите мораат да настојуваат балансирано да известуваат за најважните настани, критички да ги опсервираат, да покренуваат клучни прашања и дебати за нив. Само така новинарите и новинарството можат да ја остварат својата улога во општеството, да придонесат во остварувањето на слободите и правата на човекот, развојот на демократијата и промовирање на највисоките морални, хумани и културни вредности“.
„Општество без независно и критичко новинарство е назадно општество во кое се кршат човековите права и слободи и во кое се негуваат вредности кои им припаѓаат на најмрачните времиња на човековата цивилизација. Равенството слободни медиуми = демократија е точно и важи за сите општества во светот. Да, токму толку е важно новинарството и токму затоа една организација како Цивил се занимава и со медиумите, иако првенствено е организација за човекови права и слободи. Повеќепати досега изјавував, а тоа ќе го повторам и во оваа прилика: за слободата не се преговара“ – рече Џабир Дерала.
„Новинарите работат под силен притисок. Не само од надворешни извори, како што се политичарите, бизнисот, криминалците, туку и од нив самите. Веројатно, една од најголемите закани за новинарството е автоцензурата. Нашата работа мора да биде објективна, фер и точна. И непристрасна. И мора постојано да бидеме потсетувани за важноста на нашата улога во општеството. Предизвикот сега е да го надградиме овој прирачник и да анализираме како тој делува во пракса, да понудиме обука и поддршка на оние што се обидуваат да ги применат овие упатства и да ги поддржиме на тој пат“ – изјави Дејвид Бруер по повод проектот.
Заинтересираните, Новинарскиот прирачник на македонски и на албански јазик можат да го добијат во Цивил – Центар за слобода и во Здружението на новинари на Македонија. Прирачникот ќе се дистрибуира и при неговата промоција во неколку градови низ Македонија и на други форуми.








Monday, October 31, 2011

Промоција на публикацијата НОВИНАРСКИ ПРИРАЧНИК


Цивил Медиа, организациона единица на Цивил – Центар за слобода и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) имаат чест да Ве поканат на


Промоција на публикацијата НОВИНАРСКИ ПРИРАЧНИК
1 ноември (вторник), во Клуб на новинари на Македонија, во 11.30 ч.

Публикацијата Новинарски прирачник ја подготви редакцијата на Цивил Медиа, во соработка со Здружение на новинари на Македонија, како и со новинарски асоцијации и медиумски куќи од Норвешка, Германија и Велика Британија.
Цел на публикацијата е новинарите, уредниците и сите вработени во сферата на медиумите да ги потсетува на основните професионални правила, улогата и вредностите на професијата - етичките принципи,  интегритетот на новинарот, кодексот на новинарите и на практиките на добро однесување.
Проектот Новинарски прирачник финансиски го поддржа Амбасада на Кралството Норвешка. 
Проектот е дел од Годишната програма на Цивил – Центар за слобода, поддржана од Програмата Civica Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементирана од Центар за институционален развој (ЦИРа).

Ве очекуваме.

Џабир М. Дерала
Ристо Поповски
Насер Селмани
Претседател на Цивил
Раководител на проектот
Претседател на ЗНМ



Информации
Соња Ефтовска
Админ. и комуникации
Цивил – Центар за слобода
02/5209176